Осман Шабани е млад судија етнички Албанец, кој ќе ги суди вмровците на чело со Никола Груевски во предметот Титаник 1.
Осман Шабани меѓу другото ќе се соочи со најмалку два сериозни предизвици.
Тој ќе треба да суди на вмровците, за кои се тврди дека донеле да гласаат околу 650 граѓани од Мала Преспа Албанија, заради што и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко беше неколку месеци во притвор.
Парадоксот е во тоа, што токму на истите избори партијата која него го има предложено и наместено за судија, донесе од цела Европа над 6000 лица со автобуси и авиони да гласаат за ДУИ за Кичево и Струга да имаат градоначалник Aлбанец. Значи ВМРО-ДПМНЕ наводно донеле Македонци, ама 650, а ДУИ јавно се фалеше дека донеле над 6000 Албанци кои по 20-30 години не живеат во Македонија.
Дополнително, јавна тајна е, а ако СЈО прочепка тоа брзо ќе го докаже, дека на секој Албанец од Македонија кој живее во Швајцарија, Германија, Белгија и други европски земји му било кажано дека или треба да дојде со фамилијата и да гласа, или да плати 2000 швајцарски франци (околу 1700 евра) за со тие пари да се купеле авионските и автобуските карти на тие кои ќе допатуваат во Македонија.
Заканата според информациите кои кружат била доколку не дојде, и не плати, тогаш ќе му биде запалена куќата во Македонија. Операцијата, според тоа што можеше да се види успеа, сите дојдоа или платија. Тие што дојдоа, си плаќале дел од картата, а другиот дел го платил ДУИ, од парите собрани од оние кои не можеле да дојдат.
Тие над 6000 луѓе беа одлучувачки за победите на ДУИ во Кичево и Струга. На пример, во Кичево ДУИ победи со само 1500 гласа разлика. Без тие гласови ДУИ ќе загубеше, а ќе победеше ВМРО-ДПМНЕ. Од законско-позаконско работење на ДУИ. Но за нив не се води никаква постапка, додека за Никола Груевски и 20тина други лица, за 10 пати помалку наводно донесени лица кои всушност ниту во Центар, ниту во Кичево, ниту во Ресен не беа одлучувачки, се води судска постапка, и токму за овој предмет им се одземени пасошите.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ долги години, како во времето на Љубчо Георгиевски, така и во времето на Никола Груевски им овозможуваше на Македонците во Мала Преспа-Албанија да се стекнат со двојно државјанство по основ на национална припадност, со цел ова сиромашно население кое живее во пограничниот појас на Албанија кон Македонија да има можност за здравствени и други услуги и права кои во Албанија ги немаат во нивното место ниту на приближно исто ниво како во Македонија. Оттука, таа грижа на ВМРО-ДПМНЕ кон овие Македонци, резултираше со нивна наклоност кон ВМРО што се ефектуирше и на изборите.
Интересно е што, на последните избори, СДСМ испрати емисари во Пустец, кои ги предводеше генералниот секретар на СДСМ, со намера да се заплашат сите дека ако не гласаат на локалните избори во 2017та за СДСМ во Ресен, сите ќе ги снајде истата судбина како Едмонд Темелко, еден од најпознатите борци за човекови права за македонците. Исто така им беше кажано дека ако гласаат за кандидатот на СДСМ, Едмонд Темелко ќе биде ослободен. Како резултата на уцените, заплашувањата и заканите, македонците од мала преспа во Ресен масовно гласа за кандидатот на СДСМ. Секако за ова никој од СДСМ нема да сноси одговорност, се разбира додека СДСМ е на власт.
Втор предизвик со кој Османи ќе се соочи во предметот Титаник, е во делот на финансирањето на партиите. Неговите пријатели од ДУИ сигурно го имаат информирано, дека и ДУИ, како и СДСМ, како и сите партии во Македонија и на балканот се финансираат на ист начин.
Ако било кој ги погледне донаторите на ДУИ и СДСМ, речиси и да нема фирма која донирала, туку само физички лица, главно нивни членови и активисти, исто како и кај ВМРО. Голем дел од донаторите на ДУИ и СДСМ се со ист или полош социјален статус од оние на ВМРО-ДПМНЕ, и во приватните разговори, ниту ДУИ, ниту СДСМ не кријат дека апсолутно сите партии во Македонија се финансираат на ист начин, бидејќи друг начин и не постои, ниту законски е можен. Стравот на фирмите да се декларираат за донатори и префрлањето на товарот на физичките лица кои се членови на партијата е присутен во цела Македонија, на целиот Балкан, и во дел од земјите во јужна Европа.
Сепак Османи на вмровците ќе им игра улога на нервозен и строг судија, ќе ги суди и осудува, а со ДУИ и СДСМ ќе пие кафе и ќе ужива разговарајќи што им прави на луѓето спротивната политичка опција за истиот начин на финансирање на кој сите партии се финансираат. Згора на се, судејќи по неговата видлива омраза кон луѓето од ВМРО, може и да ги осуди. Тоа е правдата во Македонија денес.
Писмо од читател (објавено на порталот Денешен.мк)