вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Предметот за „Тенк“ против Груевски има и релативна и апсолутна застареност, според законот пресуда не може да има

Предметот за „Тенк“ против Груевски има и релативна и апсолутна застареност, според законот пресуда не може да има

На последното рочиште за предметот „Тенк“, каде лицата опфатени во случајот ги даваа своите завршни зборови, адвокатите на поранешниот премиер на државата, Никола Груевски откако ги кажаа сите аргументи зошто тој треба да биде прогласен за невин и да добие ослободителна пресуда, на крајот кажаа и еден факт, а тоа е дека предметот против Груевски е застарен и има т.н. релативна и т.н. апсолутна застареност. Со самото ова законот вели дека пресуда не може да има.

Имено, релативна застареност е периодот од онолку години колку што во законот е предвидена највисоката казна за делото за кое е обвинет обвинетиот, кој почнува од моментот на сторување на делото.

Доколку во овој период не е покрената некаква обвинителна активност, тогаш не може да се покрене понатаму. Единствени како што кажаа адвокатите т.н. докази против Груевски се еден телефонски разговор од февруари 2012 година, каде наводно разговара со Гордана Јанкуловска. Инаку, судот одби да наложи вештачење на автентичноста и целовитоста на разговорот, бидејќи вештачење се прави на оригинална снимка, а СДСМ и СЈО имаат само копии. Во разговорот Јанкуловска го прашува Груевски дали ги видел проспектите, каде тогашниот премиер одговара дека ги видел и дека најинтересно е тоа на М. Тоа е единствениот доказ против Груевски, ако воопшто може да се нарече доказ.

Вториот разговор е во март пак меѓу Груевски и Јанкуловска, каде говорат за некоја набавка но не кажуваат дели е за возило или за пиштоли, или униформи, или хартија… За овој разговор, Заев кога ги пушташе во јавност разговорите сам даде вовед и контекст дека разговорот бил за Мерцедесот, иако никаде во разговорот нема дури ниту асоцијација дека станува збор за возило, па навистина изгледа чудно што тој разговор е прифатен како доказ.

Тоа е се од потенцијалното дело на Груевски. Тој е обвинет по член од законот според кој делото е дека го искористил влијанието и побарал набавка на одреден тип на возило. Делото е што побарал и после тоа нема друг разговор во кој бара набавка на возило.

Третиот разговор е во време кога Груевски не може да побара да се набави возило, бидејќи истото веќе е набавено и пристигнато во Скопје.

Три години после февруари и март 2015-та година, кога уште бомбата од Заев не е ниту пуштена во јавност, а СЈО не е ни формиран, веќе има релативна застареност. СЈО е формиран на 15-ти септември 2015-та година, а пак снимките ги презема од СДСМ дури на 30-ти декември истата година, а обвинителските активности почнуваат тек после тоа.

Од ова може да се сфати дека има јасна релативна застареност. СЈО на ова реагираше дека ова би важело доколку во меѓувреме не сторил други кривични дела, за кои има обвинение, бидејќи законот вели дека ако сторил други кривични дела во меѓувреме се прекинува релативната застареност.

Но, адвокатите на Груевски се повикаа на презумцијата на невиност и дадоа одговор до СЈО.

-Груевски нема правосилна пресуда дека сторил кривично дело, постапките се во тек и не може да се преудицира дека ќе биде прогласен за виновен, гласеше одговорот до СЈО.

Апсолутна застареност е ако во рок двојно подолг од максималната казна не завршил случајот правосилно. Тоа во овој случај е шест години, односно во февруари или март 2018-та година, што значи дека веќе неколку месеци има и апсолутна застареност.

Адвокатскиот тим на Груевски најмногу време потроши да го убеди судот да донесе пресуда каде поранешниот премиер ќе се прогласи за невин. Тоа е од причина што ако судот оди на застареноста, тогаш кај дел од јавноста може да остане сомнеж дека сепак Груевски сторил кривично дело, но заради застареноста не одговарал.

Најнови вести