На официјалната страна на јавни набавки објавен е оглас од страна на ЈП комуналец Крива Паланка каде што е објавено дека оваа институција планира да троши 3 милиони денари за привремени вработувања.
Така во делот на предмет на договорот стои Агенција за привремени вработувања додека во делот на проценета вредност стои сумата 3 милиони денари.
Она што е симптоматично според критичарите е дека има се поголем број на вработувања како се наближуваат локалните избори. Познавачите велат дека иако владата ветувала кратење на непотребните вработувања и намалување на администрацијата забележани се се поголем број на вработувања во општините и во државните институции што се коси со изјавите на претставниците на власта
Инаку власта пред да дојде на власт критикуваше дека има огромен број на вработувања но според експертите во измнинатите 3 години вработувањата во државните институции не престануваат.