Фирмата „Авто мото здружение Гостивар“, чиј сопственик е газдата на „Дурмо турс“, минатата година имала забрана да врши технички преглед на возила. Забраната е издадена по извршен надзор од Секторот за сообраќајни работи во Бирото за јавна безбедност, надзор кој утврдил недостатоци и пропусти во работењето, пренесува Либертас.
Освен забраната фирмата добила и задолжение неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена.
– Потоа стручни лица од МВР извршиле повторен надзор и констатирале дека недостатокот е отстранет, за што се изготвени записник и службена белешка. Откако е констатирано дека недостатокот е отстранет, на 15.8.2018 е донесено решение дека правното лице може да продолжи со работа, бидејќи ги исполнува законските услови, посочија од МВР.
Ова значи дека дека од видео надзорот, кој што фирмата треба да го чува 12 месеци може да се утврди дали автобусот кој имаше сообраќајна несреќа навистина бил во станицата и на кој начин му е извршен техничкиот преглед.