сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: Не дадов поддршка на законот за матична евиденција бидејќи сметам дека дебатата мора да биде поширока

Пренџов: Не дадов поддршка на законот за матична евиденција бидејќи сметам дека дебатата мора да биде поширока

„Како човек верник, Црквата игра значајна улога во мојот и во животот на моето семејство и секогаш кога зборувам за Црквата зборувам со почит и честопати со пиетет. Сметам дека премногу се поларизира работата во Република Македонија, законот за родова еднаквоста јас го немам видено бидејќи како што кажа колегата не е пристигнат во Собранието на Република Македонија“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Пренџов додаде дека во поглед на законот за матична евиденција и правата на ЛГБТ никој ништо нема против ничиви права. Но, кога се работи за определени законски решенија мора да се биде многу внимателен. Пренџов посочи дека колешките барале поддршка но тој не им дал поддршка за таков закон бидејќи смета дека дебатата мора да биде поширока и доколку се има разум, доколку се реални работите кои што се бараат од страна на законодавството тогаш има и основа и начини како тоа да се направи. А, доколку нема реална основа, потреба или нешто слично тогаш едноставно не може тоа да се прави понатаму.

„Добро е што СДСМ го повлекоа законското решение. Дали е под притисок? Да под притисок на јавноста СДСМ го повлече законското решение. На ова општество не му требаат дополнителни поларизирања“, рече Пренџов.

Најнови вести