Во вечерашната емисија „24 Анализа“ на ТВ24 пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Љупчо Пренџов истакна дека работата на автопатиштата не може да биде 100 процентна тајна, и оправдан е стравот на граѓаните за можност од корупција со оглед на досегашната работа на оваа влада.
„Работата на автопатишта 100 % не може да биде тајна, кај владата е се деловна тајна, ама треба да разберете дека ние не спориме дека треба да има автопатишта во Македонија, дури во нашата програма имаме и повеќе делници, спорно е тоа што ние ставаме надзор фирма којашто до пред објавување на огласот се занимавала со долен веш и фирма која што претходно сопственикот бил ставен на црна листа и тоа е факт” нагласи Пренџов.
Пренџов нагласи и дека оправдан е стравот на граѓаните од можна корупција на власта во однос на коридорите имајќи ги предвид сите досегашни скандали на власта.
”Ние имаме влада која што е максимално криминогена, и нормален е стравот на јавноста од тоа што го гледаме до сега од власта”, истакна Пренџов.