Да разјасниме по стоти пат, а тоа е дека со оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ нема да има уставни измени. Нема ниту еден од нас ниту да го поколебааат, ниту да го купат, ниту да го уценат и знаат дека оваа пратеничка група е хомогена и една од најголемите ноќни мори на неспособните кои се на власт, изјави за „Анализа“ на ТВ 24 пратеникот Љупчо Пренџов од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Пренџов во врска со влезот на Алијанса за Албанците во владата, псоочи дека тоа се прави за да може луѓето кои се на челни позиции да крадат месец повеќе, а тоа нема на граѓаните да им ги намали цените во маркети, ниту да добијат подобар правен систем.
-Според мене треба власта да одговори дали со влегувањето на Алијанса за Албанците во владата ќе добиеме помала инфлација, дали граѓаните ќе добијат пониски цени на рафтовите и пазарите, дали ќе имаме правна држава, намалување на непродуктивни трошоци, дали ќе имаме покачување на плати? Бидејќи од ова кое можеме да го видиме деновиве единствени кои ќе имаат ќар од влегувањето на Алијанса се оние кои се на челните позиции веќе 5 години и ќе имаат можност да пљачкаат 10 месеци повеќе.
Пренџов исто така прашува чиј раскол е поголем, оној на СДС или на ДУИ бидејќи ако се направи анализа ќе се види дека најголем дел од местата кои се жртвуваат од власта се места на СДС и на Алтернатива, ДУИ не дава многу.
– Се поставува прашање каде е расколот поголем во СДС или ДУИ? Ако ДУИ има раскол а најмалку жртвува тогаш логички ми кажува дека проблемите се поголеми во СДС. Јавна тајна е дека има незадоволство од сите овие непринципиелни случувања. Кој и како ќе гласа ќе биде согласно тоа што го ветувал во текот на мандатот, нагласи Пренџов.
Пренџов потенцираше дека власта постојано се фали дека го зголемувала мнозинството, а какво мнозинство имаат говори фактот дека не може да соберат пратеници за седница во Собрание и дека од 1 декември до 1 февруари имало само две седници.