Во вечерашната емисија „24 Анализа“ на ТВ24 пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Љупчо Пренџов истакна дека во однос на договорот за коридорите 8 и 10Д немаат проблем со „Бехтел и Енка“ која е приватна компанија туку со нашата влада која што не сака да го даде на увид договорот.
„Не е во ред за партија со социјалдемократски предзнак која што се бори за правата на работниците да биде нормално да пропагира 60 часа работна недела, а притоа знае дека тоа во Македонија согласно закон е забрането. Тука се гледа целата хипокризија. Мене ме интересира на тие средби рамо до рамо средбите со граѓаните нели ве прашуваат што правите, нели ве прашуваат за криминалите во владата“, истакна Пренџов.
Пренџов нагласи дека владата не знае каде тера и потпишува нешто што е спротивно на закон.
„Ние немаме проблем со „Бехтел и Енка“ тоа е приватна компанија, ние имаме проблем со нашата влада, со оваа влада која што не знае каде тера. Оваа влада која што потпишува нешто за кое што знае дека е спротивно на закон. Не заборавајте Собранието нема само законодавна улога, Собранието има и надзорна улога. Тоа е должно да прави надзор каде и како се трошат народните пари. Затоа договорот требаше да биде до сега во Собрание 10 пати, а не Ковачевски да ве пушта сите низ вода. Цела недела ги молиме да видиме каде ќе одат парите да видиме што гласаме, да видиме што ќе гласаме, зошто ги местите колегите, ниту еден министер не е дојден да каже што се случува, пуштаат колеги пратеници на невиден закон да поднесуваат амандмани“ , нагласи Пренџов.