понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: Власта е изворот на корупцијата во државата, бидејќи целата висока корупција е во кадри на СДСМ и ДУИ

Пренџов: Власта е изворот на корупцијата во државата, бидејќи целата висока корупција е во кадри на СДСМ и ДУИ

„Премиерот вели дека за криминалот имало институции и тие институции требало да бидат поажурни, и да го истражуваат криминалот и тој криминал да го процесуираат. Сакам јавно да прашам под чија надлежност е Управата за јавни приходи? Под чија надлежност е финансовата полиција? Под чија надлежност е министерството за внатрешни работи? Под чија надлежност е Царина? Под чија надлежност е Агенција за перење на пари? Тоа се агенции и институции на прогон кои што ги именува Владата и премиерот и им одговараат на Владата и премиерот. Овие еден куп институции најдоа нула криминал, нула афери, нула кривични пријави на функционери и градоначалници“, истакна пратеникот од пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов за „Само вистина“ на Канал 5.

Пренџов додаде дека сите институции на прогон се директно под премиерот и одговараат кај премиерот.

„Корупцијата во Република Македонија има име и презиме. Седма година оваа Влада е на власт, името и презимето на арамилокот кој што се случува во државата се вика СДСМ и ДУИ“, нагласи Пренџов.

„Денес имаме нова лакрдија, денес имаме препукување помеѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и главниот Јавен обвинител, Љубомир Јовевски за тоа кој и дали требало да поведе истрага за на Али Ахмети внукот. Нели е тоа срамота“, запраша пратеникот.

Тој нагласи дека власта наместо да ја преземе одговорноста таа продава демагогии.

„Власта е изворот на корупцијата во државата. Изворот на високата корупција е власта, бидејќи целата висока корупција е во кадри на СДСМ и ДУИ“, потенцира Пренџов.

Најнови вести