Сите овие 7 години не видовме никакво подобрување, секој сектор се влошени состојбите, никаде не се подобрени состојбите. Имаме држава каде цвета криминалот и корупцијата имаме партизиран правосуден систем. Половина и фазла правна комисија ќе најдете во институциите на системот каде се унапредуваат. Определени обвинители кои биле гонети се ставаат членови за советот на јавни обвинители, изјави пратеникот од коалицијата за „Обнова на Македонија“ Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.
Тој додаде дека овие луѓе што се нарекуваат власт полека успеваат да одземаат она што претставува надеж, кај голем дел граѓаните им ја одземаа надежта и ги натераа да плаќаат даноци на други држави и Влади.
„Граѓаните гледаат дека имаме држава во која сте се труделе да го воспитувате детето соодветно на општеството, добро образование да има плус факултативни активности со цел да има и повеќе вештини , додадена вредност на пазарот завршило тоа дете факултет направило се по книга тоа дете општеството што бара и тоа дете не може да најде соодветно работно место со кое ќе си ги задоволи сопствените потреби а не семејство да гледа и го гледа внукот на Али Ахмети како со 0 денари купува 40 милиони евра вреден објект и затоа бегаат младите“, кажа Пренџов.
Тој додаде дека од авион се гледа дека власта нема никаква поддршка од граѓаните.
Запрашан за случувањата со Рудникот Иловица, Пренџов истакна дека очигледно власта играла на картата дека луѓето се на одмор и затоа така постапиле.
„Гледаат дека населението е излажано и претпоставувам тие рачунале во јули да се помине тога кога луѓето се на одмор. Видоа дека граѓаните се дигнаа на социјалните мрежи излегоа на улица и тие излегоа да си протестираат против сопствената влада односно против Крешник Бектеши е тоа е владата на Република Македонија 7-ма година по ред неспособност, не работливост, некреативност не инвентивност“, рече Пренџов.