петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: Бараме граѓаните да знаат што се случува, нема да дозволиме ова да биде спор помеѓу владата на Заев и Бугарија

Пренџов: Бараме граѓаните да знаат што се случува, нема да дозволиме ова да биде спор помеѓу владата на Заев и Бугарија

Спорот помеѓу Република Македонија и Бугарија е спор помеѓу две држави.Тој не е, и не смееме да дозволиме да биде спор помеѓу Бугарија и владата на Зоран Заев, анализира пратеникот Љупчо Пренџов.

Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во продолжение:

Бугарската држава има целосен политички и општествен консензус во врска со спорот кој што го имаат со нас. Од друга страна, македонската јавност, пратениците, најголем дел од владините Министри како и граѓаните на Р. Македонија “поима немаме” што преговара Заев со соседна Бугарија. Сѐ што се случува во изминатиов период се случува таинствено и “позади завесите”

Граѓаните на Македонија не даваат подршка на ваквиот начин на “решавање” на проблемите. Ниту македонците, ниту албанците, турците, ромите, власите, бошњаците….сметаат дека македонскиот народ, македонскиот јазик, нашата култура, историја и традиција, треба да бидат монета за поткусурување во балканските византиски игри.

Никој кој што живее во оваа држава не смета дека сме дрво без корен, создадени од некого, некогаш и преку ноќ….

Исто така сакам да напоменам и тоа дека господиниот Владо Бучковски никој и никогаш не го гласал на избори и не му дал подршка да преговара или разговара за работи кои се одбиваат со индигнација. А, судејќи по изјавите на бугарските челници не е тешко да разбереме дека неговите чести посети на Софија, не се во линија со македонските национални интереси.

Затоа и денес, и утре, и задутре ќе протестираме ширум Скопје и Македонија.

Затоа што јавноста и сите ние кои живееме во Македонија имаме право да знаеме што се случува, а тие имаат обврска да нѐ известат. Имаме право и обврска заеднички да ја градиме и чуваме македонската државност и просперитет. За тоа е потребен општествено – политички консензус како оној во Бугарија, а не, криење позади специјални преговарачи кој што имаат одговорност само кон Заев.

Затоа Ве повикувам сите заедно да застанеме на протестите ширум Македонија. Бараме граѓаните да знаат што се случува. Нема да дозволиме ова да биде спор помеѓу владата на Заев и Бугарија. Бараме транспарентност, отчетност, демократија…

Најнови вести