Не зборувате на кои протести сте ја рушеле оваа Влада изминативе 4 години. Не зборувате на кои митинзи сте се обратиле и сте повикале народ против Зоран Заев. Не зборувате колку предлози сте дале и колку закони сте блокирале против Заев, рече пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ обраќајки му се на пратеникот од Левица Димитар Апасиев.
-Единствено што ве поврзува вас Левица и Зоран Заев е помошта која му ја дадовте во Шарената револуција и палевте канцеларии. Тоа е вистината, се друго е замајување на јавноста и Фејсбук политика.