Пред една година ова време вашите коалициони партнери од СДСМ велеа дека сте криминалци и дека е редно да отиде во опозиција, реплицираше до ДУИ пратеникот Љупчо Пренџов на денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот.
-Потоа направивте коалиција во која целокупните финансии на државата и припаднаа на вашата политичка партија. Јас велел тогаш дека СДСМ е декор во владата, вчера ме потврди и Бујар Османи дека е ваша владата, на ДУИ. Одговорете им на граѓаните како по 1.700 луѓе вработени по разни институции, Артан Груби да има 39,56 проценти покачување на име на плати на администрација. Кажете им на граѓаните Албанци дека кај Груби за промоција на меѓуетничките односи имате намалено буџет за 38 проценти. Ставката за соодветна правична застапеност на заедниците ви е намалена за 42,4 проценти, праша Пренџов.
Пратеникот праша и зошто ДУИ како зелена партија сега ја намалува стапката квалитет на воздух за 2,64 проценти.