Пратеникот Љупчо Пренџов во своето гостување на телевизија Телма посочи дека опозицијата секогаш ќе ги поддржува мерките и законите кои се носат за доброто на граѓаните.
Во оваа насока, како неосновани ги отфрли обвинувањата дека опозицијата кочи било што, образложувајќи што се случува со петтиот пакет мерки за помош кој го вети Владата.
Посочи дека овој пакет мерки е најавен во декември, а дури на крајот на февруари влегува во Собрание. Но, бидејќи владејачкото мнозинство е на стаклени нозе, тие не можат да си соберат потребен број на пратеници.
-На седница на 3-ти март СДСМ конечно имаше мнозинство, но точката за петтиот пакет мерки помош за граѓаните воопшто не беше ставена на дневен ред. Тоа според мене, се должи на фактот што државата ни е во лоша финансиска состојба. Имаме буџет во лоша финансиска кондиција и затоа не се носи петтиот пакет мерки, истакна Пренџов.
Тој посочи дека опозицијата сакала да гласа и барала да гласа за секоја помош која им следува на граѓаните, но за точките на дневен ред одлучува мнозинството со претседателот, а не опозицијата.