петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: Граѓаните мора да се изјаснат на референдум, бидејќи доколку не излеземе и не го блокираме овој Договор тоа ќе е погубно по идентитетот, националноста и самиот македонски народ и македонска држава

Пренџов: Граѓаните мора да се изјаснат на референдум, бидејќи доколку не излеземе и не го блокираме овој Договор тоа ќе е погубно по идентитетот, националноста и самиот македонски народ и македонска држава

Односите со Бугарија се на многу чувствително ниво овој период и ова прашање залужува и те каков треман, изјави пратеникот Љупчо Пренџов од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостувае во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 Телевизија.

„Потребен е третман од граѓаните бидејќи граѓаните мора да се изјаснат на референдум. Да кажат што мислат и за ова што се случува денес со Републиа Македонија и за она што ќе се случува во наредните години и децении, бидејќи изворот на сите проблеми кои ги имаме денес и ќе ги имаме долго време доколку не излеземе и не го блокираме овој Договор ќе бидат за жал погубни по идентитетот, националноста и самиот македонски народ и македонска држава“, рече Пренџов.

Пренџов смета дека референдумот е највисок чин на демоктратско остварување на правата и мислењето на граѓаните треба да биде вреднуван.

„Ова не е референдум којшто е консултативен, туку е задолжителен референдум и сметам дека имаме навистина едно плодно поле да граѓаните ги испорачаат сопствените барања и очекувања од политиката, пред се од Владата“, посочи Пренџов.

Пренџов заклучи дека ѓраѓаните на оваа држава, доминантното македонско население е против она што му се случува.

Најнови вести