Ова е Ванчо Михајлов. Човек со седум смртни пресуди и една пресуда за доживотен затвор, изречени токму од бугарската држава.
Овој човек е најголемиот антимакедонист во нашата историја. За овој човек, Македонците не се народ ниту нација, туку како што вели тој во неговите интервјуа, тоа се говеда.
Овој човек, до неговата смрт, убедуваше секаде каде што имаше прилика, дека ние Македонците сме чистокрвни бугари.
Овој човек е најголемиот изрод роден на Македонска земја.
Овој човек во времето во кое што живеел имал нарачано убиства на огромен број Македонски револуционери кои искрено се бореле за Македонија да биде самостојна и суверена држава.
Овој човек бил сојузник на фашистите во втората светска војна и се гордеел со таа своја улога.
Бугарската држава вчера, во сред Битола отвори “културен центар” кој ни повеќе ни помалку ќе го носи името на овој крвник.
Македонската држава пак, на чело со СДСМ односно со децата и внуците на оние кои правеа кариери и доаѓаа на власт со темата “Бугарија” и Ванчо Михајлов, “умно” молчи.
Нема дно кое не можат да го пробијат. Се нема гордост, кичма и национално достоинство.
Во гроб се превртуваат сите наши предци кои крвареле и сонувале за Македонска државност. Нивните предци највеќе. Втор пат ги предаваат партизаните, првиот пат беше кога одлуките на АСНОМ ги исфрлија од Уставот.
Ама кога се работи за месец или два повеќе на власт….
‼️ Овака нема добрососедство и взаемно почитување.
Фејсбук статус на пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов