-Предвремените избори не ги бара само опозицијата туку и големото мнозинство на граѓани во земјава, во Собранието имаме слика на фатаморгана, нешто кое не е реално се прикажува дека е реално, го велам ова затоа што кога ќес е изгуби со повеќе од 120 илјади гласа на градоначалнички листи и кога ќе ви бараат избори, а притоа имате коалициони проблеми тогаш не може да правите победничка слика кога сте успеале на не знам каков начин да придобиете опозициона партија за во власта, не значи дека и граѓаните го мислат тоа, објасни Љупчо Пренџов пратеник од ГРОМ вечерва во „Само вистина“, во Канал 5 телевизија.
Тој вели дека реалноста е променета, а СДСМ треба да сфати дека партиите не владеат со државата, тие управуваат, а управуваат врз основа на поддршка од граѓаните.
-Во ситуација кога граѓаните не даваат поддршка на политиките на власта и сметаат дека се неработници и неспособни тогаш „купувањето на партија“ за 64 пратеници не го решава проблемот, тоа е фатаморгана односно измислена реалност, реалноста е дека граѓаните не се задоволни од оваа власт, критикуваше Пренџов.
Пренџов вели дека државен интерес е да има избори затоа што граѓаните немаат време за стагнигање и уназадување, затоа е нужно да се има предвремени парламентарни избори.