Прв чекор во сокривање на историските факти по бугарски диктат: 1913 година со Букурешкиот мировен договор, Македонија е поделена помеѓу победничките сили во Балканските војни:
-Србија 38,6%
-Грција 50.3%
-Бугарија 9.9%
-Албанија 1.2%
Што е тука погрешно од учебникот за 7мо одделение по географија, запраша пратеникот Љупчо Пренџов преку својата Фејсбук страница.
Тој напиша дека овој дел согласно “протоколот” ќе мораме да го сокриме и избришеме од нашите учебници по географија за 7мо одделение.
Ќе ја криеме ли историјата од нашите деца? #НеЗаБугаризацијаДаЗаЕвропеизација, додава Пренџов во својата објава.