Пратеникот Љупчо Пренџов на социјалните медиуми објави дека синоќа на неговиот колега Петар Ристески му бил запален автомобилот.
-На пратеникот Петар Ристески ноќеска му го запалија автомобилот. Само преплашени кукавици се служат со вакви или слични методи.‼️ Пеката, кукавици непрокопсани нема да го исплашите. Само што го направивте посилен и поодлучен во борбата за Македонија, пишува Пренџов на Фејсбук.