Во пресрет на претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош ги дава следните:
П Р Е П О Р А К И
– Редовно земање на терапија кај хроничните болни,
– Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост,
– Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди,
– Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот,
– Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.