Власта уште еднаш покажа силување на демократијата и максимално непочитување на институциите на системот, пишува пресингтв.мк.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски наметнува политичка пресметка со техничката министерка Рахела Мизрахи за наводно кршење на уставот поради таблата на која стои името Република Македонија и му предлага на собранието да ја разреши од функцијата.
Меѓутоа со ваквата постапка техничкиот премиер се става во улога на Уставен суд, а пратениците ги доведува во ситуација да бидат устани судии.
Единствена надлежна институција во државата која може да оцени дали е нарушен Уставот или не е Уставнот суд. Оттука техничкиот премиер единствено што може да направи е да покрене иницијатива за кршење на уставот пред Уставниот суд. Во случајот не се надлежни ни пратениците да се изјаснуваат околу предлогот затоа што не се ни уставни судии ниту пак станува збор за толкување на одредена законска одредба или норма.
Евентуалното нивно гласање за разрешување на техничката министерка Мизрахи ќе мора да има друго образложение, а не прекршување на Уставот.
Доколку тоа не се случи и остане образложението на техничкиот премиер тогаш не само што ќе бидат уставни судии туку сите до еден ќе се најдат во улога на отворени прекршители на Уставот затоа што ќе преземат ингеренции кои според Уставот и други законски акти не им припаѓаат.
Било која друга постапка освен пред надлежниот Уставен суд ќе претставува грубо кршење на уставните, демократските и институционалните права, должности и надлежности. А, кому му треба тоа пред самото распуштање на Собранието и распишувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април?
Оригиналниот текст погледнете го тука.