Водостојот на Преспанското Езеро е 36 сантиметри под асполутно дозволениот минимум, додека кај Охридското Езеро ситуацијата е спротивна, односно тоа е за седум сантиметри над дозволениот минимум, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Кај реките има извесно намалување во однос на вчерашниот ден, освен кај реката Вардар кај Велес каде има зголемување од 35 сантиметри во однос на вчера. (МИА)