Пресудата за предметот „Тортура”, каде првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на единицата „Алфа” е закажано за 17-ти следниот месец.
На денешните завршни зборови на одбраната беше посочено дека БЈБ при МВР, а не УБК, како што тврди обвинителство, го организирало и извршило приведувањето на Лубе Бошковски, во јуни 2011 година.
Случајот за овој предмет го води судијката Александра Ристовска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе. (МИА)