Активистот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево е брутално нападнат и претепан, пренесе „Нетпрес“. Тој е во критична состојба во Систина, а лекарите се борат за неговиот живот.
Неофицијално тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители. Изминатиот период Палевски се чини беше единствениот човек кој се бореше за вистината во Република Македонија. Преку објави на својот Фејсбук тој со јавноста сподели низа на доверливи информации, почнувајќи со аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушкувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името, а потоа ја објави и вистината за како што вели тој за случајот „27 април“.
Првичната претпоставка, според „Нетпрес’“ е дека нападот е политички мотивиран.