петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претепан Митко Ѓорѓиев: Ме истепаа затоа што на 1ТВ зборував против Вице Заев

Претепан Митко Ѓорѓиев: Ме истепаа затоа што на 1ТВ зборував против Вице Заев

Попладнево околу 17 часот и 15 минути на улицата пред неговиот дом бил претепан струмичанецот Митко Ѓорѓиев, пишува порталот Lider.com.mk

Веднаш по настанот, Митко се јави во редакцијата на Лидер за да не информира за случајот, додека оди кон струмичката болница.

-Целиот сум во крв, во моментов одам кон болница. Се враќав кон дома и на улицата во темницата ме нападнаа три маскирани лица со боксирачи, целиот сум искршен. – ни рече Ѓорѓиев во краткиот телефонски разговор.

Струмичанецот се сомнева дека ова му се случило затоа што пред една недела се јавил во живо на 1тв и говорел против Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.

-Ова е поради тоа мое јавување, сигурен сум. Таму кажав како Заеви ја тероризираат Страница и сега ми се случува ова. – ни рече Ѓорѓиев.

На нашата молба да ни испрати фотографии, Ѓорѓиев ни одговори дека тоа ќе го стори подоцна затоа што неговата фамилија сеуште не знае и не сака да ги вознемири со грозоморните слики.

Ѓорѓиев веќе подолго време говори против фамилијата Заеви за кои во емисијата Блиц на ТВ Алфа, тврдеше дека наводно го фрлиле во должничко заложништво и цела Струмица ја држеле под лихва.

Видео од емисијата:

Најнови вести