вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот Иванов во официјална посета на Молдавија

Претседателот Иванов во официјална посета на Молдавија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, во Кишињев со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Молдавија, Игор Додон.

Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок.

Во рамки на официјалната посета, македонскиот претседател ќе оствари средба со молдавскиот премиер Павел Филип и со претседателот на Парламентот на Република Молдавија, Андриан Канду.

МИА

Најнови вести