петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на ДИК: Едно гласачко место е поништено бидејќи намерно бил променет резултатот – еден во кутија, друг во записник!

Претседателот на ДИК: Едно гласачко место е поништено бидејќи намерно бил променет резултатот – еден во кутија, друг во записник!

Полнењето на кутии, односно обвинувањата дека имало такви слуачи, фрли дамка врз целиот процес на референдумот. Имено, до денот на референдумот организацијата беше успешна, но на крајот се фрли дамка, а резултатот беше ист – цензусот не беше исполнет, изјави Оливер Деркоски во интервју за порталот Инфомакс.

„Државната изборна комисија не може да тврди дали имало или не такви настани, тоа се надевам дека ЈО на Р.Македонија по допрен глас, или еве веќе има кривични пријави од одредени фактори ќе спроведе одредени постапки кои ќе го докажат тоа дали имали или не такви настани.“ – рече Деркоски во „Без Цензура“ на Инфомакс.мк

Она што ДИК може да го направи и го направи е да постапи по однос на приговори од набљудувачите. Таков беше случајот во Куманово каде беше поништено гласањето на едно гласачко место, а поднесени се и кривични пријави против лицето.

Во Куманово беше поништено гласањето, каде било очигледно дека бил променет резултатот, односно една била состојбата во гласачката кутија, а друга во записникот.

 

Најнови вести