Одржувањето на избори по здравстевните препораки за социјална дистанца од 2 местри и под маски ќе биде тешко да се изведе за брзо време, токму затоа е потребно да не се брза со датумот за избори. Ова е личното предупредување на првиот човек на Државната изборна Комисија Оливер Деркоски за тоа дали технички изборите би можеле да с еорганизираат за брзиот термин кој се споменува.
-Во оваа ситуација имаме 14,15 кандидатски листи, замислете по еден нивен претставник ќе има секако на избирачко место плус пет членови на избирачкиот одбор, тоа се отприлика 20 луѓе кои треба да ги дистанцираме на 2 метри. Многу е мал бројот на простории во државата каде се гласа, а може да се обезбеди такво дистанцирање. Поучени од искуството од Јужна Кореја која организираше избори, таму пред влезот на секое избирачко место имаше здравствено лице кое мереше температура на секој гласач, истакнува за Сител, Дерковски.
Според него, ваквите избори ќе чинат и повеќе пари, а ќе бараат и повеќе човечки ресурси, што вакви услови на економски последици од Ковид-19 би било отежителна околност.
За изборите на 12 април беа предивдени 7 милиони евра, од кои 4 милиони за реклами на партиите.