сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на турското Собрание во посета на Македонија

Претседателот на турското Собрание во посета на Македонија

Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп денеска престојува во посета на земјава.

Шенол ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а потоа заедно ќе се состанат со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, по што се предвидени изјави за медиуми.

Во агендата е предвидено и поздравно обраќање на претседателот Џафери на симпозиумот по повод 21 Декември – Денот на турската настава: „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и Источна Европа“. (МИА)

Најнови вести