сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите во работна посета на АВМУ

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите во работна посета на АВМУ

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро, во придружба на заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн, директорот на Канцеларијата на претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Јирген Хајсел и помошник-офицерката за истражувања Шејла Јусуфовиќ, вчера оствари работна средба со претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во текот на срдечниот разговор, Рибеиро се интересираше за предизвиците со кои се соочува Агенцијата во нејзиното работење од аспект на финансирањето и доцнењето на изборот на новите членови на Советот, идните активности за хармонизација на медиумската регулатива со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и инволвираноста на регулаторното тело во овој процес.

На средбата, меѓу другото, се разговараше и за состојбата во медиумската сфера.

Најнови вести