Нацрт-законот за употреба на јазиците на Македонија ќе биде тема на разговорите на членовите на делегацијата на Венециската комисија кои на 5 и 6 септември ќе допатуваат во Скопје. Тие ќе имаат средби со претставници на власта и на невладините организации, пишува МКД.МК.
Мислењето за ова прашање Венециската комисија ќе го даде по пленарната седница во октомври. Подготовката на ова нацрт-мислење се финансира во рамките на проектот на ЕУ и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција, а имплементиран од Советот на Европа.
Ова е официјалното соопштение на Венециската комисија за нивната посета во однос на давање на нивно мислење за Законот за двојазичност.
Интересно е тоа дека тие најавуваат дека ќе разгледуваат нацрт-закон за двојазичност, а кај нас овој закон веќе е во сила.
Владините претставници за време на донесувањето на овој закон ја убедуваа јавноста дека евентуалните забелешки од Венециската комисија ќе бидат сигурно вградени во законот, без разлика дали ова законско решение е веќе изгласано од пратениците или сѐ уште е во предлог фаза.
Законот за употребата на јазиците е донесен уште во јануари 2018 година, па по вторпат изгласан во март истата година.