среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Презентација на мониторингот на водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро за 2021 година

Презентација на мониторингот на водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро за 2021 година

Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“ денеска ќе го презентира извештајот од мониторингот на квалитетот на водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро за 2021 година.

Основна цел на мониторингот беше да се утврди квалитетот на водата во трите езера кои се користат за различни намени (туризам и рекреација, наводнување и водоснабдување), и тоа во два периода од годината: напролет – кога се полнат со вода и наесен – кога нивото на сите езера е најниско.

– Нетретирани испуштања на комунални и индустриски отпадни води, прекумерна примена на неоргански азотни ѓубрива, тешки и токсични метали и енормно намалување на нивото на водата се некои од факторите кои го влошуваат квалитетот на водите во Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро, наведуваат организаторите на настанот.

Извештајот ќе го презентираат проф. д-р Ѓорги Димов и проф. д-р Дејан Мираковски од Лабораторијата АМБИКОН при Природно-математичкиот факултет на УГД – Штип.

Најнови вести