среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Презентација на најдобрите студентски проектни решенија за проектот „Обезност“ на УКИМ

Презентација на најдобрите студентски проектни решенија за проектот „Обезност“ на УКИМ

Скопје, 20 декември 2022 (МИА) – Во Ректоратот на УКИМ денеска ќе се одржи завршен настан на проектот „Обезност”, на кој ќе бидат презентирани седум селектирани најдобри студентски проектни решенија и ќе бидат доделени три награди за првите три најдобри проектни решенија.

-Последните децении, обезноста добива загрижувачки размери и карактер на пандемија во светски рамки. Младите во Република Северна Македонија не се изземени од овој глобален проблем, туку напротив податоците зборуваат за нагорен тренд што добива се посериозен карактер. Токму затоа, Центарот за кариера на УКИМ во соработка со Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет во Скопје, во септември 2022 година ја започна реализацијата на проектот на тема Обезност, поддржан со едукативно-финансиски грант од компанијата Ново Нордиск Фарма, наведуваат од УКИМ.

Целта на овој проект, како што се посочува, е да се поттикнат и унапредат истражувачкиот потенцијал и капацитет кај студентите, како и мотивација на студентите за активности надвор од редовната студиска програма. Знаењето, размислувањата и новите идеи на студентите, преточени во оригинални и креативни проектни решенија можат да придонесат за подигнување на јавната свест за превенција и надминување на проблемот со обезност.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје поседува долга традиција од 73 години препознатливост по тенденциите и континуираната посветеност на развој и унапредување по пат на уникатност, иновативност во пристапот и автентичност во идеите. Во центарот на своето стратешко работење УКИМ и Центарот за кариера ги имаат студентите и визијата на крајот од студиите да продуцираат кадри кои ќе го дадат најдоброто во својата професионална кариера, наведуваат од УКИМ.

Најнови вести