Пред неколку години, не толку одамна, во нашава убава Македонија, дојде Рајнхард Прибе. Дојде, виде и победи, затоа што триумфално ни даде препораки за реформа на безбедносно разузнавачката заедница, кои покрај другото беа и „итни“, а воедно и „реформски приоритети“. Од итноста не видовме ништо, ама пак и од реформските приоритети немавме некој абер. Ниту беа реформски, затоа што беа козметички реформи и беа донесени заради кревање имиџ во јавноста и глумење загрижени државници, а ниту пак беа приоритети, затоа што процесот на реформа се раздолжи до непрепознатливост, а крајниот резултат беше „мртвороденче“, односно служба која беше компромитирана уште во своето основање, уште во самиот процес на „селекција“, со непочитување на законските одредби за тест за интегритет и полиграфски тест за новите вработени, но и со одврзани раце за нови вработувања (без и со конкурси) и можности за преземање од други државни органи, коментира на својата Фејсбук страница по вчерашната полициска акција во која за рекет беа уапсени припадници на АНБ универзитетскиот професор по одбрана и безбедностАлександар Нацев.
И додека го гледавме ова на почетокот, јас во многу мои настапи и колумни ги потенцирав овие неправилности, но ете денес, со апсењата на припадници токму на АНБ, добиваме потврда дека се што е кажано, е всушност точно!
А Прибе? Е сега можеме да кажеме дека Прибе дојде, виде, ама сепак изгуби!, пишува во својата објава Нацев.