Владата, на денешната 86-та седница, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија и вработени во Министерството за одбрана, за учество во НАТО мисијата во Ирак и Летонија.
Припадниците на Армијата во Ирак ќе земат учество на месијата „NATO Mission Iraq – NMI“, а во Република Летонија во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP). (МИА)