петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Припадниците на елитната специјална единица „Тигри“ кои учествуваа во кумановските настани, деградирани на ниво на обични полицајци!

Припадниците на елитната специјална единица „Тигри“ кои учествуваа во кумановските настани, деградирани на ниво на обични полицајци!

Според неофицијални информации голем број на припадниците на елитната специјална единица на полицијата „Тигри“ се деградирани неколку нивоа и сведени на ниво на обични полицајци. Имено голем дел од деградираните припадници на „Тигри“ се ветерани и имаат учествувано во кумановските настани, каде се наоѓале во првите борбени редови.

Како „благодарност“ за нивниот професионализам и пожртвуваност најголемиот број од нив се распоредени како чувари на странските амбасади, во куќарки во кои неретко се наоѓаат и по неколку припадници на МВР во иста смена.

Државата со ваквото однесување на министерот Оливер Спасовски и раководните структури на МВР губи по 15 илјади евра од прераспределен специјалец, бидејќи толку чини обуката која тие ја имаат поминато. Да се потсетиме дека пред еден месец македонската специјална единица „Тигар“ го освои првото место  во една од најсложените  дисциплини TOP SHOT, на 11 меѓународен натпревар на специјални единици KASOTC, што се одржува во Јордан, Аман.

Најнови вести