вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пристап до интернет имаат 84 проценти од домаќинствата

Пристап до интернет имаат 84 проценти од домаќинствата

Пристап до интернет имаат 84 проценти од домаќинствата додека 78 проценти од населението користи интернет, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење за пазарот на електронски комуникации на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Најголем дел од корисниците на интернет (38 проценти) ја користат оваа услуга од Македонски Телеком, потоа следуваат Оне,Вип (27 проценти и Телекабел *14 проценти).

Најкористена технологија за пристап на интернет е кабелски интернет со 39,3 проценти, понатаму следуваат  ADSl со 35,5 проценти,оптички интернет -10,7 проценти LAN пристап 6,5 проценти безжичен интернет – 1,7 проценти и мобилен интернет преку USB – 0,4 проценти.

Речиси сите испитаници поседуваат телевизор во домаќинството 99,5 проценти од кои мнозинството (90 проценти) плаќаат месечен надомест за телевизиски услуги. Половина од населението поседува смарт телевизор во домот. Убедливо најкористена апликација на смарт телевизорите е Youtube.

Половина од домаќинствата што плаќаат месечна претплата за телевизија сигналот го добиваат преку кабелски приклучок (50,1 процент) по што следува IPTV (31,9 проценти) DVB-T (11,1 процент) и сателитскиот приклучок (1,5 проценти).  Дополнителен пакет  или канали со доплата имаат активирано 16 проценти од корисниците на платени телевизиски услуги.

Најнови вести