Педесетина граѓани вечерва самоорганизирано од плоштадот Македонија дојдоа до скопското Кале во намера да го посетат гробот на Гоце Делчев. Но, полицијата не им дозволи пристап до црквата Св.Спас, пишува порталот ДЕНЕШЕН.
На надвозникот има кордон полиција која ги запира граѓаните кои не можат да одат кон улицата која води кон црквата и тврдината.
Во изјави за новинарите кажаа дека се револтирани што не им било дозволено вечерва да му оддадат почит на Делчев.
Граѓаните со знамиња и транспаренти ќе чуваат ноќна стража. Повикуваат и други да им се приклучат, а најавуваат дека ќе останат до утре. Не можат да се придвижат кон гробот на Гоце Делчев, бидејќи полицијата веќе два дена има поставено барикади.
Потсетуваме, Владата скандалозно одбри барања за акредитации на новинари и медиуми да го следат чествувањето.