Последната пратка од вкупно 4000 уреди за отпечатоци пристигна во ДИК. Во текот на наредната недела ќе почне нивната распределба на вкупно 3480 избирачки места колку што ќе бидат отворени и на овие избори
10.532 кандидати за советници, распоредени на 572 листи и 299 кандидати за градоначалници во недела ќе ја бараат довербата на локалните избори во битката за 1347 советнички места и 81 градоначалничка канцеларија. Најголем избор ќе имаат скопјани кои ќе гласаат на 4 гласачки ливчиња. Сите останати граѓани ќе добијат по две. Во Скопје има и најмногу кандидатски листи, дури 15. Следат Битола со 14 и Куманово со 13 поднесени листи.
Главниот град води и по градоначалнички кандидатури со 12, по што следи Долнени со 8 и Центар со 7.
Најмногу кандидати за градоначалници, 69 се од СДСМ, 6 помалку има ВМРО-ДПМНЕ.
Безмалку 13% од сите кандидати за Советници или вкупно 1350 се од СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ има 120 помалку.
На овие избори најстар кандидат за советник е 89 годишна жена предложена од Единствена Македонија во скопски Аеродром. Најмлад носител на листа е кандидат на партијата Родина во општина Конче со само 19 години.
За разлика од последниот изборен циклус кога имаше продолжено гласање, на овој се враќаме на старо. Гласачките места се отвораат во 7 часот а гласањето ќе трае до 19. На овие избори право на глас имаат 1.824.864 гласачи речи си 10.000 повеќе од последните парламентарни избори одржани пред 15 месеци.