Првиот авион на „Норвежијан“ од Осло се очекува денеска да пристигне на Меѓународниот Аеродром Скопје во 09:40 часот.
На настанот по повод првиот лет од Осло најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.
ТАВ Македонија организира и церемонија за добредојде за првите патници кои од Осло ќе пристигнат во Скопје.