Приватизација на пошта е нова златна кокошка за нови матни бизнис зделки на власта. Откако пропадна Еуростандард банка, преку која банка се одвиваше платниот промет на јавното претпријатие „Македонски пошти“, Владата веќе почна да подготвува терен за продажба на Пошта.
Владата требаше да даде зелено светло, за Македонска пошта да преговава со други банки преку кој требаше да се одвива платниот промет. Владата донесе одлука со која му дава зелено светло на пошта да преговара со банките, по чекање од околу еден месец, за после месец дена од тогаш премиерот Зоран Заев да соопшти дека ќе влезе во процес на приватизација на златната кокошка. Ја викаме златна кокошка затоа што, пошта држеше дури 25% од платниот промет во државата. Во игра е целосна продажба односно приватизација или преземање на компанијата со јавно приватно партнерство.
Дека, позади приватизацијата на пошта се кријат задни намери, за склучување на нови бонбона бизниси на лица блиски до власта, реагираа преку соопштение и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека мафијашката власт на чело со Зоран Заев тргнала во целосна распродажба на Македонија и дека последна во низата е Македонска пошта.
-Откако ја ликвидираа Еуростандард банката преку кој се вршеше платниот промет, ликвидноста на Македонски пошти е во слободен пад. И сега на мафијата на власт најлесно им е да направат некој нов бонбона бизнис, да продадат државна сопственост и така да купат уште некој месец социјален мир, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Последен во низата матни бизниси на власта предводена од СДСМ и Зоран Заев, е изгласувањето на Деталниот урбанистички план (ДУП) во Тетово, на само неколку дена по формирањето на новата Влада. Само неколку денови по формирањето на новата власт, проследено со низа контроверзии, Советот на Општина Тетово предводен од коалиција СДСМ и ДУИ го изгласа спорниот детален урбанистички план кој се наоѓа на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак. Со овој ДУП се предвидува градба од 230 000 метри квадрати, што значи околу 2 000 нови станови во Тетово и бизнис вреден 20 милиони евра.
Сопственик на објектите на поранешен ШИК Јелак, како и земјиштето на кое ќе се гради е контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака- Давидовиќ кој стана познат од прислушкуваните разговори, кои беа објавени во јавноста, каде му нуди на Кичеец 300 000 евра со цел да му се завршат работите, а дополнително ветува 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра доколку се дозаврши работата поврзана со ШИК Јелак Тетово. Во разговорите се слуша дека Давидовиќ бил во постојана комуникација со Драги Рашковски, а имал и средби и со Зоран Заев.
Инаку, Зоран Заев вчера најави дека нема да се приватизира само пошта, туку дека се размислувало за приватизирање и на уште неколку претпријатија во државна сопственост како што се „Македонски Железници“, ТЕЦ „Неготино“, „Еурокомпозит“, „Колска“ и така натамау. А минатата недела, при телевизиско гостување рече дека ќе отвори дебата и за приватизација на државните земјишта.