четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Приватните автобуски превозници најавуваат нови блокади

Приватните автобуски превозници најавуваат нови блокади

Приватните автобуски превозници утрово се собраа пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ со барање за средба со директорот за решавање на нивниот проблем со долгот, со цел да можат повторно да почнат со работа, но беа одбиени со образложение дека тој не е присутен и е на друг состанок.

Тие велат дека ќе побараат прием и кај скопската градоначалничка Данела Арсовска, како и кај премиерот Димитар Ковачевски, и доколку не бидат примени и од Градот Скопје и од Владата, тогаш како единствено излезно решение го гледаат протестот.

– Финансиски сме исцрпени, веќе не работиме три месеци, но сепак ќе ги сервисираме автобусите и ќе бидат во функција. Најпотребни ни се финансиските средства. Да го договориме начинот на исплата, да ни ги исплатат средствата, автобусите ќе ги активираме повторно, додаде Зафировски.

На прашањето што ќе направат доколку нема средба ни со директорот, ни со Град Скопје, ни со Владата, Зафировски одговори дека единствен излез како демократско право е протестот.

Најнови вести