среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Приватните превозници продолжуваат со блокадите на „Илинденска“, ги канат граѓаните да ги посетат нивните автобуси

Приватните превозници продолжуваат со блокадите на „Илинденска“, ги канат граѓаните да ги посетат нивните автобуси

Приватните автобуски превозници попладнево информираа дека нивните автобуси засега остануваат паркирани на булеварот „Илинден“ пред Градот Скопје.

– Секој што сака да го донесе своето дете или внуче, да ги разгледаат автобусите внатрешно, да седнат на возачкото столче, да свирнат со сирените на автобусите, да го држат воланот во рацете, да се почувствува како возач на автобус… повелете добредојдени сте, а сето ова ќе биде надгледувано од лице задолжено за надзор во Ваше присуство, велат за МИА од здружението на приватни превозници „Слобода превоз“.

Приватните превозници порачуваат дека се наоѓаат на посочената локација 24 часа, а најидеално време на посетата е од 9 до 17 часот.

Инаку, приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ започнаа со блокада на главниот град на 28 ноември кога со околу 30 автобуси на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, односно булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, побараа да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа.

Откако немаше исход, приватните превозници на 5 декември оваа година направија поголема блокада со поставување на околу 200 автобуси на неколку главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и булеварот „Илинден“. Во петокот ги одблокираа крстосниците кај Мавровка и Црвениот крст и останаа да протестираат само на бул. „Илинден“ во околината на Град Скопје.

Откако не беше одговорено на нивното барања за средба со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, тие чекаат да бидат примени од Владата.

Најнови вести