Кофинансираните приватни специјализанти во понеделник излегуваат на протест пред Министерството за здравство.
Како што објавија на својата официјална страна Здружение на лекари специјализанти –ЗЛС, приватните специјализанти излегуваат на протест да го искажат своето незадоволство од условите и договорите по кои работат.
Според објавените информации кофинансираните приватните специјализанти не се вклучени во законот за здравствена заштита бидејќи содржат елементи и од приватните и од државните и не се целосно дефиниран.
Како што се наведува, висината на нивната плата изнесува колку просечната плата на ниво на Република Македонија која пак е пониска од минималната плата на лекарите по општа медицина со 360 кредити образование и таа не смее да биде пониска од минималната лекарска плата.
Односно, како што пишува во нивното соопштение и договорот за вработување во клиниките на неопределено време, после завршување на специјализацијата има огромни правни празнини.
Протестот ќе се одржи во понеделник, 18-ти ноември од 10 до 12 часот, а изјава за медиуми е предвидено да биде дадена во 10:30 часот.