Лекарите кои се на приватна специјализација најавија дека ќе престанат да лекуваат пациенти на матичните Клиники и протест пред Владата доколку не им бидат исплатени заостанатите дежурства од февруари и не добијат здравствено осигурување.
Над 400 лекари, од кои половината специјализираат, работат и дежураат на Клинички преку отворено писмо бараат помош од Премиерот Ковачевски да се вклучи во решавање на нивните проблеми со Фондот за здравство.
-Ноќното дежурство како и дневната работа претставува пружање на здравствени услуги за кои Фондот е обврзан преку договор кој го имаме потпишано да не исплаќа. Така да првиот чекор би било престанок на пружање на здравствени услуѓи кои реално и потенцијално би довело до колапс на здравствениот систем и матичните клиники, бидејќи ќе се соочат со акутен недостаток на лекари. Доколку и тоа биде игнорирано од страна на Фондот и Владата на штета на здравјето на граѓаните следниот чекор кој како ЗЛС и со подршка на нашите колеги е протест пред Владата на РСМ, изјави д-р Александра Георгиева, претседател на Здружението на лекари специјализанти.
Од Фондот за здравство велат дека тие не ги исплаќале дежурствата на специјализантите, тоа било обврска на здравствените установи каде специјализираат , а тие им доделување годишни буџети.
-Ние ги контактиравме директорите на Клиниките и нивното обрзаложение е дека пари од Фондот за здравствено осигурување за таа ставка не пристигнуваат , односно неофицијално Фондот усно ги информирал сметководителите на Клиниките да престанат да го исплаќаат ночниот труд, бидејќи Фондот едноставно нема да дава пари за таа ставка, вели д-р Георгиева, претседател на ЗЛС.
Инаку во отвореното писмо до Премиерот специјализантите посочуваат дека ваквиот однос и не плаќањето за тоа што го сработеле дополнително ќе го зголеми егзодусот на лекарите во странство, а дел од нив ќе морале да ја прекинат специјализацијата која чини и до 12.000 евра, а тоа ќе довело до недостаток на медицински кадар.