понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Приведен опонентот на Тито Петковски за лидерското место во НСДП

Приведен опонентот на Тито Петковски за лидерското место во НСДП

Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко.

Јосифовски беше пратеник на НСДП во претходниот паламентарен состав. Му беше директен ривал на Тито Петковски за позицијата лидер на НСДП.

Јосифовски се сомничи за неовластено влегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, го  лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ, информираат денеска од МВР.

Опонент на Тито Петковски за лидерското место во НСДП

Пред изборот на претседател на НСДП, која од формирањето во 2005 ја предводи основачот Тито Петковски, поранешниот пратеник од оваа партија, Љубомир Јосифовски, ја разбранува јавноста со внатрепартиските односи.

-Имаше конфликт, не се согласував со тоа што тој ја злоупотреби позицијата како претседател. Согласно статутот на НСДП секој член има право да бира и да биде избран. Јас поднесав кандидатура пред еден месец и истата беше поздравена од Тито Петковски и од органите на партијата. Кога се соочи со реалноста дека не може да биде избран одлучи да направи радикален чекор и  да ги изманипулира членовите на Централниот одбор, изјави лани Јосифовски за „Фокус“.

По ова интервју, Јосифоски обелодени дека Петковски ја злоупотребувал функцијата во својата партија. Обвини дека Петковски спроведува диктатура, недозволувајќи демократија.

Најнови вести