Познатата актерка Силвија Стојановска попладнево е однесена во Кривичниот суд каде ќе биде изведена пред судија на претходна постапка.
Овие информации неофицијално за Фокус ги потврдија извори од Кривичниот суд, а порталот „Јанакизнае“ попладнево објави дека Стојановска била уапсена во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија.
Обвинителството побарало мерка притвор за актерката, но од таму се уште нема официјални информации.
Стојановска последните години е актуелна со нејзината улога во македонската серија „Фамилијата Марковски“.