Голем број полицајци попладнево го опколија домот во Козле на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Пред малку, специјалната обинителка која вчера даваше исказ пред Обвинителството за случајот „Рекет“, сама и без лисици влезе во едно од полициските возила.
Јанева, најверојатно ќе биде изведена пред судија на претходна пастапка која треба да одлучи дали ќе одреди притвор или не.