На 26/27.10.2023, во периодот од 20.00 до 02.30 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица и од НЕКМТСЛ, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишиле од слобода 7 мигранти од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „криумчарење на мигранти, согласно член 418-б од Кривичниот законик.
-Имено, на 26.10.2023 околу 17.00 часот било пријавено дека на 1,5 км јужно од Негорци, во близина на Серменинска река, се наоѓа поголема група мигранти од Сирија, која е во движење, предводена под присила од страна на неколку мигранти од Пакистан. Од страна на РЦ за ГР ЈУГ и СВР Струмица веднаш биле испратени полициски службеници на посочената локација, во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции. По детално пребарување на теренот, откриени се вкупно 77 мигранти (Сирија–52, Пакистан-13, Турција-5, Ирак-5 и Индија-2), а меѓу нив и седумте мигранти од Пакистан, кои биле посочени како водичи на групата, информира МВР.
За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈОГОК – Скопје, а денеска (27.10.2023) против седумте мигранти од Пакистан е поднесена кривична пријава.