четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Привремена измена на сообраќајот на делницата Велес – Неготино

Привремена измена на сообраќајот на делницата Велес – Неготино

Поради изведување работи на експресниот пат од Градско до Дреново на местото каде се гради новата клучка Градско, на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај.

Како што соопшти АМСМ, времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од 80 километри на час во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести